Потресна слика поради која се собраа 35.000 евра во еден ден: Застанал покрај телото на таткото и плачел

Фотографија од дете кое плаче над телото на починатиот татко ги поттикна Индијците да соберат три милиони рупии (околу 35.000 евра) за неговото семејство и тоа во еден ден.
„Детето дошло до телото на таткото во крематориумот, го тргнал покривачот од лицето, му ја ставило раката на образот и само рекло 'тато“ и почнало да плаче. Мажот бил само уште еден сиромашен работник кој во петокот загинал во канализација во Делхи. Семејството немало доволно пари да го кремира“, напиша новинарот покрај потресната фотографија.
„Новинар сум од црна хроника и сум видел страшни трагедии, но вакво нешто никогаш“, додаде Шив Суни и рече дека сакал да го сврти вниманието на страдањето на ова семејство.

За само еден ден, Индијците, поттикнати од фотографијата, собраа речиси 3 милиони рупп (околу 35.000 евра) за семејството на загинатиот работиник.

Но вистината е пострашна од оваа трагедија.
Пред една недела им починал и четиримесечниот син
Арил, 27-годишниот работник, неколку мигови по фотографиите е кремиран. Недела дена претходно им починал и четиримесечниот син од воспаление на белите дробови, зошто семејството, кое има уште две ќерки, немало пари за лекување.
Арил загинал зошто пукнало јажето со кое го спуштале во канализацијата. А тоа јаже всушност е единственото што го имаат од безбедносна опрема. Се проценува дека секоја година во канализацијата на Делхи гинат по 100 работиници.
„Понекогаш го следев на работа и му ги чував чевлите и облеката за да не му ги украдат крадците“, рече детето, додавајќи дека таткото му зборувал дека „уште не е доволно голем за и тој да влезе во канализацијата“.

Поради овој твит, нема да мора - Индијците собраа доволно пари за неговото школување.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
