-->
-->
Потресна исповед на спортистот Белин: Јас успеав, зошто другите не успеаа?
-->

Себастијан Белин е поранешен белгиски кошаркарски репрезентативец кој како што вели „не знае како го преживеал терористичкиот напад“ во Брисел.
Поранешниот белгиски репрезентативец бил на бриселскиот аеродром во моментот кога беа изведени крвавите терористички напади.
„Сè укажува на тоа дека не требаше да преживеам. Сè, почнувајќи од количината на крвта која што ја загубив при повредата на ногата“, вели Белин во интервјуто за американски "CNN" додека се опоравува во една бриселска болница.
Белин се сеќава на моментот кој не само Брисел, туку ја потресе цела Европа. Само неколку секунди подоцна откако еден од вработените на аеродромот му посакал пријател лет, се слушнал болно гласен звук - експлодирала бомба вонепосредна близина. Една од фотографиите на која се гледа како маж лежи на земјата облеан со крв на аеродромот го обиколи светот, а на неа е токму Белин.

Која ја слушнал експлозијата, започнал панично да трча, но го „предале“ нозете: „Првата работа на која што се сеќавам беше чувството дека ми недостасува дел од колкот. Чувствував дека нешто ме има прободено“, вели Белин.
Во близина се нашол странец кој му помогнал колку-толку да го сопре губењето на крв. Белин почувствувал страшна болка кога странецот започнал да го влече за да го однесе на побезбедно место: „Мојата нога не ме следеше. Додека тој ме влечеше, јас ја држев ногата“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски: Ние сме „Македонски свет“ и гледаме да ги шириме интересите на нашата надворешна политика
-
Мицкоски повика трагедијата во Кочани да не се користи за ситни политички поени
-
ССМ пресмета зголемена потрошувачка кошница во јули, премиерот најавува нови 5 кошници, за разни категории
-
Се реконструира гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Почна најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, странците воодушевени од организацијата
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната
-
Високите температури ја полнат струмичка брза помош