Потресна исповед на девојка која побегнала од Северна Кореја

Северна Кореја во саботата прослави 70 годишнина од постоењето на Комунистичката партија, а семоќниот лидер на таа тоталитарна држава Ким Џонг Ун во таа пригода повторно ги нападна САД со тврдење дека неговата земја е подготвена да одговори на секоја војна „предизвикана од Америка‟. Иако многумина во светот со потсмев ги гледаат парадите и заканите на Ким, бегалецот од Северна Кореја Јеонми Парк, предупреди овие денови во Лондон дека е вистина дека Ким Џонг Ун воопшто не се шегува.
Младата жена која преку Кина и Монголија побегнала во Јужна Кореја ја раскажала на публиката на настанот „Жените во светот‟ својата потресна приказна. „Верував дека саканиот лидер може да ги чита моите мисли, дека ќе ме казни ако помислам на нешто лошо‟, рече оваа 22-годишна девојка, која детството го поминала во Северна Кореја додека со неа владеел таткото на Ким Џонг Ун, Ким Џонг Ил, но обичните граѓани не чувствуваат голема разлика меѓу нив двајца.
Парк, која за своето детство напишала и автобиографија, ја предупреди лондонската публика своите слободи да не ги земаат здраво за готово. „За мене Западот е рај, а Ким Џонг Ун криминалец кој убива милиони луѓе. Се надевам дека не го доживувате како некој што се шегува‟, рече таа.
Исто така ја опишала репресијата која режимот ја спроведува во таа, многумина ќе речат орвелска држава. „Пораснав во страв. Мајка ми ми рече дека не смеам да шепкам бидејќи можат да ме слушнат и глувците и птиците. Често бевме гладни и беше луксуз да се размислува за било што освен за сурово преживување. Кога немаше ориз, моите сестри и јас јадевме само скакулци и мушички‟, рече таа.
Кога наполнила 13 години ја наговорила мајка и да побегнат во Кина, но таму не престанале нивните неволји. „Првото нешто што го видов е како ја силуваат мојата мајка. Откако ја поминавме границата мене ме продадоа како работник за 265 долари, а мојата мајка за 65. Човекот кој не купи не беше во состојба да не храни двете, па подоцна ја препродаде мојата мајка‟.
Конечно побегнала на слобода кога имала 15 години. Со оглед на тоа дека Кинезите сите илегалци по правило ги враќаат во Пјонгјанг, морала да патува во Монголија, која го признава бегалскиот статус на луѓе од Северна Кореја и најчесто ги праќа во Јужна Кореја. „Преку пустината Гоби ги следев ѕвездите кон слободата. А кога стигнав во Јужна Кореја се блескаше. Дури и тоалетната хартија имаше цветчиња на себе и мирисаше многу убаво... Не сакав да ја користам при нужда, беше толку убава‟.
Кога нашла дом, Парк станала „машина за учење‟, како што вели таа: „Учев за светот, за вселената, за човековите права и достоинството, за тоа претходно не знаев ништо. Слободата за мене значеше носење обетки, а не слобода на говорот. Не знам дали некогаш до крај ќе научам што всушност значи да бидеш слободен‟.
Ново на Сител
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
-

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти
