-->
-->
Потресите во регионот не престануваат: Во Јадранското море 77 земјотреси во последните 63 часа
-->
Албанија денеска за половина час ја погодија два земјотреси, со јачина од 4,5 и 4,9 степени по Рихтер. Последниот е забележан во 11:52, а тоа е, како што наведува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, 77-тиот земјотес во Јадранското море кој се почувствувал во последните 63 часа.
Епицентарот на земјотресот бил 39 километри западно од Тирана.
Бројот на лица кои загинаа во разорниот земјотрес во Албанија се зголеми на 41, соопшти албанското министерство.
Албанското министерство за здравство и социјална заштита соопшти дека се повредени 658 лица.
Во Црна Гора синоќа, десет минути по полноќ се почувствувал земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер, кој ја потресе истата област каде беа регистриани повеќето земјотреси од вторникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник