-->
-->
Потресен статус на една мајка за својата ќерка - Сакаат да ја избркаат..
-->
Статусот на мајката Ѓоргија Аксентијеваќ од Суботица ги запали социјалните мрежи кога се пожалила дека против нејзината ќерка Гала (11) која боледува од ретка кожна болест се потпишува петиција за исфрлање од училиштето.
Нејзината ќерка е ученичка во петтото одделение и со месеци била изложена на навреди од страна на една група девојчиња од училиштето само поради тоа што е болна.
– Тоа се девојчиња со кои Гала со години имаше проблеми. Се започна пред шест месеци кога барав од децата да не се шегуваат со мојата ќерка, бидејќи тоа за неа е голем проблем поради болеста, кога нозете и се во завој тогаш почнуваат да зафркаваат и да ја одбегнуваат без никакви примедби на нејзиното однесување, рекла мајката.
Таа додава дека нејзината ќерка се плаши да оди во училиште.
– Мислев дека ќе престанат но во второто полугодие повторно почнаа да ме задеваат. Никогаш не сум се карала со нив, не сакам да направам поголеми проблеми. Искрено се надевам дека се ова ќе престане. Малку се плашам да одам во училиште бидејќи постојано го следат секој мој потег и чекаат да направам нешто погрешно, вели Гала.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај