Потрага по убиецот: И пукал во глава на мајката додека спиела со бебето
Полицијата и натаму трага по напаѓачот или повеќе напаѓачи кои масакрираа осум членови од исто семејство во руралниот дел на Охајо, САД.
Како што пренесуваа локалните медиуми, на жртвите им е пукано во глава од пушка, најверојатно додека спиеле. Меѓу жртвите е и мајка, која е убиена додека лежела во креветот со бебе, старо 4 дена. Напаѓачот или напаѓачите поштедиле три деца.
-Очигледно станува збор за убиство каде целта било тоа семејство, па сметаме дека нема опасност за останатите жители на таа област. Членовите од семјеството кои не се убиени треба да се придржуваат кон упатствата што им ги дадовме, наведе полицијата.
Меѓу убиените се наоѓаат седум возрасни лица и еден тинејџер. Мотивот за овој масакр се уште не е познат, се знае само дека станува збор за членовите на семејството Роден. На северот од Џорџија, во семејно насиство во две престрелки вчера се убиени пет лица, а полицијата не исклучува поврзаност на двата инциденти.
Ново на Сител
-
Приведен крадец од Тетово
-
Пронајдени оружје и муниција при претрес во Кичево
-
Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн
-
Германија бара поддршка од ЕУ за „центри за враќање“ на одбиените баратели на азил
-
Форбс: Илон Маск стана првиот човек со богатство од 500 милијарди долари
-
Четириесет проценти од младите до 18 години пушат - бројките се алармантни
-
СПМ: Лидерите на СДС и ДУИ нудат безобѕирна реторика
-
Андоновски: Работиме на воведување слободен роаминг за земјите од Западен Балкан со ЕУ