Потпретседателката на ЕК, Дубравка Шуица, изрази надеж дека бугарскиот План за обнова ќе биде прифатен од Брисел за два месеца
– Бугарскиот привремен вицепремиер и министер за социјална политика, Галаб Донев, во Министерскиот совет во Софија ја прими потпретседателката на Европската комисија Дубравка Шуица со која разговараше за прашњата на демократија и демографија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на средбата Донев посочи дека на 15 октомври, Бугарија ќе го достави националниот План за обнова и одржливост до Европската комисија. Тој пред Шуица истакна дека спроведувањето на проектите поставени во него во социјалната сфера ќе ја реформира грижата за старите лица со изградба на нови социјални услуги кои обезбедуваат квалитетни и прилагодени на индивидуалните потреби на луѓето во блиска семејна средина.
Од своја страна, Дубравка Шуица ја поздрави подготвеноста на бугарската Влада и изрази надеж дека Планот ќе биде одобрен од ЕК во рок од еден до два месеца.
Таа му ја посочи на бугарскиот вицепремиер долгорочната стратегија на Европската комисија за руралните области и обезбедувањето интернет конекција меѓу најважните услови за подобрување на квалитетот на животот и надминување на нивната депопулација.
Ново на Сител
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
