Потпишување договор за заем за обнова на возен парк на ЖРСМ Транспорт

Во Владата денеска ќе биде потпишан договор за заем со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за обнова на возен парк за потребите на ЖРСМ Транспорт АД Скопје.
Најавено е обраќање на премиерот Христијан Мицкоски, а ќе присуствуваат и претставници на ЕБРД, на Министерството за транспорт и на раководството на ЖРСМ Транспорт.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Ниолоски минатата недела информираше дека обезбедени се 21 милион евра од ЕБРД со кои ќе бидат набавени најмалку пет нови електрични локомотиви, со цел модернизирање на Македонски Железници и опслужување на карго превозот.
- Знаете дека минатата година кога беше формирана оваа Влада, имавме за жал нула активни локомотиви, а сега имаме 11, од кои што 4 се понови, а 7 постари. Со 9 локомотиви кои би биле електрични, ќе можеме целокупниот карго превоз да го опслужиме, се надевам веќе од 2028 година, затоа што рок на испорака на овие локомотиви е 2 години. Од она што го имаме како најава од ЕБОР повкот ќе биде објавен во март следната година, рече Николоски на седницата за пратенички прашања во Собранието.
МИА
Ново на Сител
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
-

Трамп потпиша пакет-закони со што се става крај на блокадата на американската влада
-

Мицкоски ќе се обрати на потпишувањето на договорот за поддршка на претпријатија за зелено работење
-

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев
