Потпишување декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија

Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) денеска организира настан на кој ќе биде потпишана декларација за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија.
Како што е најавено, декларацијата ќе ја потпишат 36 директори и овластени лица на јавни претпријатија.
На настанот ќе бидат презентирани и главните наоди и ресурси подготвени од проектот „Поттикнување на овозможувачка средина за пријавување корупција во јавните претпријатија".
Предвидени се обраќања на Ерик Мејер, заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, како и на професорите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и соработници на ИСИЕ: проф. д-р Мишо Докмановиќ и проф. д-р Дарко Спасевски.
Настанот се реализира во рамки на проектот „Поттикнување на овозможувачка средина за пријавување корупција во јавните претпријатија", финансиран од Амбасадата на САД.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
