Потпишана спогодба за безвизен режим меѓу Северна Македонија и Украина
Министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук денеска потпишаа спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји, со која се очекува да се даде особен придонес за натамошно интензивирање на севкупната соработка, особено на економски план, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и за развој на туризмот.
– Спогодбата ги уредува правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу Северна Македонија и Украина (без никакви документи како услов за влез) и им овозможува на државјаните на двете земји, носители на биометриски патни исправи, влез, транзит и краткорочен престој од 90 до 180 дена без виза, соопштија од прес-службата на Министерството за надворешни работи.
На средбата меѓу Димитров и Задорожњук биле потврдени традиционално добрите односи меѓу Северна Македонија и Украина, а се зборувало и за актуелни прашања од заемен интерес.
Ново на Сител
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
-
Одлука за испраќање припадници на АРМ на вежби во Бугарија и Германија и во операција на НАТО во Косово
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари