Потпишана Извршна програма за културна соработка меѓу Македонија и Кина за 2018-2023
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и министерот за култура на Народна Република Кина, Луо Шуганг вчера во Кина потпишале Извршна програма за културна соработка меѓу Република Македонија и НР Кина за 2018-2023 година. Средбата се одржала во рамки на Третиот форум на Иницијативата за соработка помеѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16 + 1) што деновиве се одржува во градот Хангџоу во Народна Република Кина.
- Со програмата, министерствата се обврзуваат дека ќе ја поддржуваат и охрабруваат соработката меѓу културните институции и уметниците од двете земји. Програмата е втора по ред од ваков вид и ја моделира правната рамка која ќе ја унапреди соработката меѓу двете министерства за култура. Таа предвидува размена на изведувачко-уметнички ансамбли од двете држави, размена на изложби, академски истражувања, работилници од областа на литературата, филмот и други културни активности. Исто така, согласно Извршната програма, двете држави ќе настојуваат во иднина да ја стимулираат соработката меѓу здруженијата на писатели, институциите од областа на културното наследство и експертите и стручните лица од оваа област, објави Министерството за култура.
Со овој документ, додава Министерството, двете држави ги манифестираат и своите заложби за активно учество во активностите што се дел од „Кина - ЦИЕ Форум за културна соработка“, а во чии рамки се организираат кампови за танц, посета на директори на меѓународни оперски, куклени, хорски и детски меѓународни фестивали, форуми за заштита на нематеријалното културно наследство, културни и креативни индустрии и други содржини.
- Воедно, кинескиот министер за култура нагласи дека Кина од почеток ја поддржува иницијативата Координативниот центар на Иницијативата „16 + 1“ да биде во Македонија, а се разговараше и за можноста за отворање на Кинески културен центар во Македонија и Македонски културен центар во Кина. Министерот Алаѓозовски го покани министерот Шуганг идната година да ја посети Македонија и да се запознае одблиску со подготовките за 4-тиот Министерски форум за културна соработка, на кој Македонија е домаќин во 2019, известува Министерството за култура.
Соработката во областа на културата меѓу Република Македонија и Народна Република Кина е регулирана со повеќе документи, со Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина и со Извршни програми меѓу министерствата за култура.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Деканот на Градежен нов независен кандидат за градоначалник на Скопје
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции
-
Прилеп утре повторно ќе добие јавен градски превоз по пауза од 3 дена поради штрајк на вработените во ЈП за ПУП
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите