Потпишана декларација за промовирање на младински политики

Подмладоците на 13 политички партии денеска во пресрет на претстојните парламентарни избори потпишаа Декларација за промовирање на младински политики.
Со потпишувањето на декларацијата, подмладоците се обврзуваат дека ќе инсистираат и ќе бараат младите да се позастапени во рамки на програмите на политичките партии. Иницијативата е на Националниот младински совет на Македонија.
- Со ова ќе го зголемиме младинското учество во креирањето на политиките во земјава. На тој начин сметаме дека значително ќе бидат подобрени младинските политики и ќе бидат адресирани вистинските потреби на младите. Она што е најважно е дека ќе почнеме да работиме на креирање на механизми за соработка со младите луѓе, истакна Дамјан Николовски, претседател на Националниот младински совет на Македонија.
Според него, она на што посебно ќе треба да работат младите е изнаоѓањето на ефективно решение за, како што рече, одливот на квалитетен кадар надвор од државата, како и на механизми за значајно младинско вклучување во политиките.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
