-->
-->
Потпишан налогот за екстрадација на Асанж во Америка - барањето е легитимно
-->

Тој со право е зад решетки. Од САД имаме барање за екстрадиција кое утре ќе биде пред суд, а вчера го потпишав и ја потврдив одлуката за екстрадирање која ќе биде пред судот, изјави Џавид.
„Вашингтон пост“ завчера информира дека Министерството за правда на САД на 6 јуни официјално побарало екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, од Велика Британија.
Основачот на Викиликс беше уапсен на 11 април во Амбасадата на Еквадор во Лондон каде престојуваше седум години за да избегне апсење под обвинение за силување во Шведска.
Австралиецот, на возраст од 47 години, исто така беше уапсен во врска со барањето за екстрадиција во САД. Вашингтон го дефинира како закана за националната безбедност и сака да го изведе пред суд. На крајот на мај, американските власти покренаа уште 17 обвиненија против Џулијан Асанж.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: На сите им е јасно дека реформите во судството се сведуваат на зголемување на платите на судиите и обвинителите
-
Мицкоски: Растот на платите покажа дека тезата на СДСМ не држи вода
-
Корупцијата и организираниот криминал имаат силно влијание врз независното функционирање на институциите и државата
-
Водостојот на Охридското езеро продолжува да опаѓа
-
Преглед на вестите од светот
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина