Потпишан Меморандум на разбирање помеѓу општините Ѓорче Петров и Сарај
Градоначалниците на Сарај и Ѓорче Петров Беким Мурати и Сокол Митровски денеска потпишаа Меморандум за разбирање, добрососедски и меѓуетнички односи.
Меморандум за разбирање е траен документ за двете Општини и ќе служи за институционално третирање на потенцијални спорови помеѓу двете општини.
По потпишување на Меморандумот двете општини ќе формираат комисија за добрососедски односи, во која ќе членуваат членови од двата Совети. Оваа комисија ќе изготви план за подигање на повисоко ниво на соживотот и толеранцијата со организирање на разни спортски и културни настани на кои учество ќе земат граѓани од двете општини.
Градоначалниците Митровски и Мурати, меѓудругото, потенцираа дека отпадот кој секодневно се фрла во реката Вардар е потенцијална опасност по здравјето на сите граѓани и затоа мора да се дејствува брзо и ефикасно и да се искористат сите ресурси за заштита на природните богатства во интерес на генерациите кои доаѓаат по нас.
Исто така како приоритет за двете општини е изградба на кружен тек на самиот влез на двете општини кај мостот на Вардар.
- Денешнава средба покажува дека и нашите претци и ние, а и нашите деца живееле и треба и понатаму да живееме заедно. Етничките поделби и верската нетрпеливост не носат никаде. Само не враќаат назад, а тоа не го сакаме ниту ние, ѓорчепетровци ниту вие, граѓаните на Сарај. Ние сме соседи и треба да живееме во толеранција и разбирање кои и тоа како ни се потребни, изјави градоначалникот Митровски во своето излагање.
На потпишувањето на Меморандумот присуствуваа и членови на општинските совети од двете општини, вработени во општинската администрација, претставници од МВР, претставници од Македонската Православна црква и Исламската верска заедница, претставник од Советот на Европа и граѓани од двете општини.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг