Потпишан договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе му додели финансиска поддршка од речиси 12 милиони денари на Институтот за сточарство и рибарство за набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство. Тоа го предвидува договорот за користење на инвестициски вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери што денеска беше поптишан меѓу двете институции.
-Финансиската поддршка се доделува во висина од 100 проценти од вредноста на предлогот за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна за сточарство, но не повеќе од 11.979.283 денари со вклучен ДДВ, информира ресорниот министер Цветан Трипуновски.
Со овој договор за користење на финансиска поддршка, како што кажа, Министерството сака да помогне во научноистражувачката како и севкупната дејност која ја остварува Институтот за сточарство и рибарство, се со цел да се унапреди сточарското производство во државата.
-Изминативе години Македонија бележи пад на сточарството. Тој пад треба да се запре и да се превенира преку низа на сет квалитетни мерки. Мојот фокус овој период ќе биде развивање на оваа гранка со воведување на нови и модерни технологии на одгледување на добиток, истакна министерот Трипуновски.
Најави дека во иднина ќе се продлабочи соработката помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Институтот за сточарство и рибарство.
Ново на Сител
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда
-
Одбраната на Палевски бара дополнително вештачење на чаурата од местото на убиството на Жежовски
-
50 денари еден час паркирање на Клинички - Нов газда, нови повисоки цени!
-
Инфлацијата расте, виновни за високите цени се маркетите и увозниците, Пазарна казнува