-->
-->
Посвои девојче со Даунов синдром одбиено од 20 семејства: Лука и преслатката Алба се пример за среќно семејство!
-->
Италијанецот Лука Трапанезе деновиве се чини дека е омилен на социјалните мрежи откако една телевизија ја објави неговата приказна посветена на преслатката Алба која има Даунов синдром, а која тој без двоумење ја посвоил.Таа се сретнала со сериозни потешкотии во животот откако нејзината мајка ја дала на посвојување бидејќи не сакала да се грижи за дете со посебни потреби.
Во текот на неколкуте години додека била во Центарот за посвојување повеќе од 20 семејства ја одбиле, сѐ додека Лука не се појавил.
Лука веќе бил запознаен со децата со Даунов синдром бидејќи долги години работел и волонтирал во разни програми, поконкретно во такви кои пружале нега на деца со овој синдром.

Тој раскажува дека како и секое друго посвојување, и ова било екстремно тешко, што поради документацијата, што поради тоа што тој бил сам, односно неодамна излегол од 11 годишна врска.
За среќа, по неколку месеци работа, тој успеал да ја земе Алба дома, а за неа ќе каже дека во неговиот живот донела повеќе светлина и среќа од било кој друг.
Денеска, двајцата се пример за среќно семејство, а тој како татко на дете со посебни потреби има да каже само дека тие го прават животот уште поубав!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
