-->
-->
Поставен камен-темелник за резервоар за вода во неготинско Пепелиште
-->

Во неготинското село Пепелиште, денеска беше ставен камен-темелник на резервоар и потисен цевковод, со кој трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во селото.
Општина Неготино го изготви проектот за рехабилитација на водоснабдувањето со средства од Европска инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.
- Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов досега има искористено 230 милиони денари во комунална инфраструктура. Сеуште остануваат средства кои се неискористени за овој крај, затоа од денешните разговори дознавам дека се спремаат нови проекти токму за вложувања во комуналната инфраструктура, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој денеска присуствуваше на настанот.
Задоволство од решавањето на проблемот со водоснабдувањето изразија и жители од Пепелиште.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
