Постара жена од БиХ починала во болница, полицијата го привела нејзиниот син
Полицијата во Охрид привела лице со државјанство од Босна и Херцеговина, чија мајка починала во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.
Според полициското соопштение,вчера околу 10 часот, во СВР Охрид било пријавено дека рано изутрината околу еден часот во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, со возило на Службата за итна медицинска помош била донесена Р.Б.(78), во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), двајцата од Бугојно, БиХ.
Според пријавеното, непосредно потоа Н.Б. ја напуштил болницата, додека Р.Б. набрзо починала. Лицето Н.Б. било пронајдено на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид и лишено од слобода.
Телото на починатата е дадено на обдукција. Во координација со јавен обвинител, полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа