Постапка на Обвинителството против српски државјанин за насилство во угостителски објект во Јосифово
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело насилство кое го извршил пред два дена врз лице во угостителски објект во Јосифово.
Како што информира државното Јавно обвинителство, во раните утрински часови на 31 март, осомничениот извршил грубо насилство врз едно лице во угостителски објект на бензинска пумпа во Јосифово додека оштетениот со друштво од 15 до 20 лица, негови другари, прославувал раѓање на новородено дете.
Осомничениот со уште едно лице седел на друга маса во угостителскиот објект. Двајцата под дејство на алкохол, почнале да кршат, да удираат по телевизорот и му се заканувале на сопственикот на објектот кој побарал од нив да си заминат затоа што станале агресивни.
-Револтирани затоа што биле избркани, тие излегле од објектот до нивниот камион, по што осомничениот се вратил назад пред влезот каде што се наоѓал оштетениот кој во тој момент зборувал на телефон. Без посебен повод и причина, се втурнал во оштетениот и го пробол со нож во левата страна од градниот кош, нанесувајќи му убодна рана. Осомничениот веднаш се дал во бегство, трчајќи кон камионот, но бил спречен од лица кои биле гости во угостителскиот објект, информира ЈОРСМ.
Обвинителство наведува дека со насилството тој предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај останатите гости.
До судијата на претходна постапка, јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот странски државјанин бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата