Последното танго на Меси: Гол, две асистенции, солзи и овации на збогувањето со Аргентина | ВИДЕО

Крај на една фудбалска ера. Лионел Меси го одигра последниот натпревар во дресот на аргентинската репрезентација и со емотивно збогување стави крај на повеќе од две децении настапи за „гаучосите“.
Пред околу 85.000 навивачи на преполниот „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина го совлада Бенин со 3:0, а 39-годишниот Меси имаше збогување какво што можеше само да посака – постигна гол од пенал и запиша две асистенции.
Емоциите беа видливи уште пред почетокот на натпреварот. Меси со солзи во очите ја слушаше аргентинската химна, додека навивачите со овации и огромен транспарент „Gracias“ му оддадоа почит на својот капитен. Натпреварот симболично беше наречен „Последното танго“.
Со овој меч Меси стигна до 208 настапи за Аргентина и ја заврши репрезентативната кариера со 126 голови. Во 21 година со националниот тим тој го освои Светското првенство во Катар во 2022 година, две Копа Америка – во 2021 и 2024 година, како и Финалисима во 2022.
„Да не доаѓам повеќе ќе биде многу болно“, порача Меси по последниот натпревар, додавајќи дека за него било огромна гордост повеќе од 20 години да го носи дресот на Аргентина.
Меси ќе продолжи со клупскиот фудбал во Интер Мајами, но за Аргентина бројот 10 синоќа го одигра своето последно танго.
Ново на Сител
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
