Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп
На последната фестивалска вечер на прилепскиот „Пивофест“ организаторите очекуваат уште поголема посетеност.
Манифестацијата се одвива весело и без проблеми, посочија на денешната прес-конференција, организатоите прилепската локална самоуправа и невладиниот Центар за граѓанска иницијатива.
Според прилепскиот градоначалник Марјан Ристески сите патишта деновиве водат кон Прилеп и „Пивофест“.
- Поминаа три незаборавни вечери на Фестивалот, имаше многу позитивна енергија и дружење, многу испиено пиво, изедена скара и се она што со себе го носи „Пивофестот“. Имаме луѓе дојдени тука од сите страни. Сите патишта од Македонија деновиве водат во Прилеп. Очекуваме забавата да кулминира вечер со настапот на главната ѕвезда Северина, рече Ристески.
Синоќа на фестивалот за веселата забава и бројните гости се погрижија музичките ѕвезди Елена Велеска, Анабела и Харис Џиновиќ.
Вечер настапуваат Димитар Андоновски со Тајфата, Џамбо Агушеви оркестар и балканската мега ѕвезда Северина, која по втор пат гостува на овој Фестивал.
Фестивалската комисија задолжена за селекција на селфи фотографиите кои изминативе денови публиката ги испраќаше на „Фејсбук“ страницата „Pivofestival.mk“ веќе ја одбра победничката фотографија која ќе биде соопштена вечер, а победникот ќе ја понесе големата маскота –мајмунот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
-
Коцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици