Последен ден за исплата на регрес за годишен одмор
Денеска е последен ден за исплата на регрес за годишен одмор или таканаречен К-15. Неговата исплата е законска обврска за компаниите, а висината може да биде пониска од законски пропишаната само доколку одредена компанија се соочува во финансиски потешкотии во работата.
Од Организацијата на работодавачи немаат прецизни информации колку од фирмите го исплатиле регресот, иако посочуваат дека дел од нив ја исполниле оваа обврска уште пред годишните одмори.
Сепак, како што посочуваат оттаму, праксата покажува дека поголем дел од нив го прават тоа пред крајот на годината.
Со оглед на тоа што законски е дозволено во одредени случаи на потешкотии во финансиското работење на фирмите, да се исплаќа понизок износ од пропишаниот минимум, укажува Организацијата на работодавачи, треба да се внимава како ќе се направи спогодбата меѓу работниците и работодавачот.
– Работниците се тие што го бираат нивниот претставник што ќе ја склучи таа спогодба, а не управителот или директорот. Работниците мора на собир на работници на нивно здружение да се договорат до кој износ ако фирмата има загуба, има финансиски проблеми, кој е тој минимален износ за кој се подготвени да преговараат и тие да го изберат лицето претставник. Само во тој случај оваа помала исплата ќе биде согласно со општиот колективен договор. Во сите други случаи, ако работодавачот сам си назначи лице и сам си склучи спогодба со тоа лице, тоа може да му падне на суд и мора да го исплати целиот износ на К-15, изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи на Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.
На можност за исплата на понизок регрес за годишен одмор неодамна потсетија и од Сојузот на стопански комори на Македонија.
-Со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор од 2015 година во членот 35 се додава дека работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со колективен договор, информираа од ССК.
Компаниите кои не генерираат доволно профит не смее да се ставаат во ситуација да подигнуваат кредити или да бараат позајмици за да исплатат регрес, со што дополнително ќе си ја отежнат ликвидноста, сметаат од Комората и додаваат дека треба да се овозможи компаниите кои имаат тешка година да опстојат, а не дополнително да се оптоваруваат по секоја цена.
Право на регрес за годишен одмор има секој работник во приватен сектор кој најмалку шест месеци во календарската година работел кај ист работодавач. Законски пропишаниот минимален износ изнесува 40 отсто од просечната нето плата на државно ниво исплатена во последните три месеци, односно околу 10.100 денари.
За непочитување на оваа законска одредба од страна на работодавачот предвидени се и казни.
Ново на Сител
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар