-->
-->
ПОСЛЕ ПРОТЕСТИТЕ ДЕНЕСКА СÈ Е ЈАСНО: Народот нема да дозволи никаква тиранска платформа, ниту тиранска влада!
-->

Денеска е 23 ден од протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Еден од главните организатори на протестите Богдан Илиевски, им честиташе на граѓаните за упорноста, истрајноста, одлучноста и на беспоштедната љубов кон сопствената земја.
Илиевски вели народот нема да дозволи никаква тиранска платформа, ниту тиранска влада.
-Победата започна и тече, тече како реките кои течат по улиците секој ден, бидејќи ние сме на вистинската страна, на почитувањето, разбирањето, мултиечноста, а не на страната на бинационална држава. Заедничката, а не држава на патот на федерализацијата. Заедничка Македонија победува и сите сте заслужни за тоа. Секој еден од вас добро знае дека и ЕУ и разно разни комесари мора да покажат почит кон народот кој живее тука, народот се одважи, народот е буден и свесен и народот порачува доста ни е од заплашувања, од неизвесност, порачува Илиевски.
Илиевски напомена дека на народот му е доста од еврокомесари кои се кријат од 200.000 народ на улиците низ целата држава.
-Народот не го претставуваат одредени политичари кои се одвојуваат од националниот интерес и поради одредени интереси се подготвени да направат немерлива штета на државата. Ние сме господари на нашата судбина, ние сме оние кои ќе го раководат сопствениот живот и сопствената држава, ние и никој друг, вели Илиевски.
Тој вели дека оваа платформа е за распарчување на оваа држава и дека народот нема да дозволи таа да стане програма на било која влада или било кој претседател на Собрание
Јазикот на кој сите се разбираме е македонскиот, нашата полиција е македонската, нашата армија е македонска, нашето знаме е сонцето кое е исто за сите, нашето име кое не го даваме е Република Македонија, за сите нас, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби. Сите сме заедно во оваа борба за нашата држава. Платформата е за распарчување на нашата држава. Нема да дозволиме да стане програма на било која влада, било кој претседател на Собрание. Додека не има нас, 200.000 луѓе на улиците Македонија ќе живее, Македонија ќе постои.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари
-
Алиу: Нема да даваме делумни информации за „кардиолошките случаи“, ќе ги соопштиме резултатите по целосното завршување на експертизата
-
Со повреда влегов во ринг - со вера ја освоив светската титула | Бобан Илиоски | Sitel Podcast 115
-
Писториус: Руски авион прелета над германска фрегата во Балтикот
-
Разбиена сириска мрежа: Парите од дрога ги претворале во златни прачки кои биле транспортирани и во Косово и во Македонија
-
Кремљ го обвини Трамп дека го принудува светот да купува скапи американски енергенси
-
По седум месеци „платен одмор“, отпуштените службеници во САД се враќаат на работа
-
Зеленски ги повика светските лидери на итна акција против Русија