Поскапуваат дизел горивата

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 71, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 70 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 73,5, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 75,5 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,984 отсто, кај дизелот за 4,458, кај екстра лесното масло за 4,405 и кај мазутот за 3,47 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4692 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
