Поскапуваат бензините и дизелот: Ова се новите цени
Бензинот Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе поскапи за 1,5 денари, а Еуросупер БС 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според одлуката на РКЕ, литар Еуросупер БС 95 ќе се продава за 63 денари, а Еуросупер БС 98 за 65 денари. Новата цена на литар „Еуродизел (Д-ЕV) e 50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 38,5 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 HC се зголемува за 1,67 денари и килограм ќе чини 24,078 денари.
Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 4,36 проценти.
РКЕ ја донесе одлуката за промена на цената врз основа на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар и односот на курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори