Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 71 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 79,5, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 81,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,491 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 46,295 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,126 отсто, кај дизелот за 1,333, кај екстра лесното масло за 2,161, а кај мазутот за 1,851 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,3232 отсто.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче