Поштенска марка повод историскиот настап на македонските фудбалери на ЕП 2020
Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта на Северна Македонија.
На промоцијата, која се одржа во просториите на Дирекцијата на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, генералниот директор Јани Макрадули порача дека со оваа поштенска марка сакаат да се заблагодарат на репрезентатиците за успехот и радоста што ја приредија на сите нас.
– Марката е со номинална вредност од 181 денар и изработена во 6 000 примероци. Поради ковид мерките, иако бевме договорени, денеска, за жал со нас не се селекторот и играчите, изјави Макрадули.
Ова е скромен придонес од нас за сите фудбалски репрезентативци, посочи Макрадули и им посака успех на првенството.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, порача дека нашите фудбалски херои го заслужуваат ваквиот гест и поштенска марка во нивна чест.
– Се надевам дека до почетокот на отворањето на ЕП ќе собереме сили што повеќе граѓани да присуствуваат на трибините во Букурешт. Како спортист знам дека не е исто, да се игра со полни и пред празни трибини, изјави Мојсоски.
Mакедонската фудбалска репрезентација обезбеди прв историски настап на ЕУРО2020, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи во повеќе градови низ Европа.
Македонските фудбалери својот прв натпревар на Европското првенство го играат на 13 јуни во Букурешт против Австрија, по што следат пресметките со Украина и Холандија.
Ново на Сител
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
-
Ајатолахот Али Хамнеи го отфрли повикот на Трамп за безусловна капитулација на Иран
-
Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра
-
АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати