Посебен сообраќаен режим поради „Штипската Пастрамајлијада“
Во Штип од денеска ќе се применува посебен сообраќаен режим околу населбата 8 Ноември, Градскиот стадион и кружниот тек Дујле, каде што од утре почнува манифестацијата „Штипска Пастрамјлијада“.
Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција истакна дека околу 200 луѓе од општината и јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“ се ангажирани во реализирањето на оваа манифестација на која се очекуваат голем број на гости од земјава и странство.
- Сметам дека и оваа година ќе имаме одлично организирана манифестација, во која вработените од ЈП „Исар“ се ангажирани за комуналната хигиена и набавка на канти за отпадоци. Се покажа како добра пракса во вечерните часови да се чисти просторот. Вработените од „Стипион“ се ангажирани околу обезбедувањето и насоките за паркизните за гостите, вели Захариев.
Тој истакна дека во градот Штип ќе се влегува од сите страни, а гостите ќе бидат насочувани каде да ги паркираат возилата, за што бизнис секторот ги отстапува и своите паркинзи во индустриската зона.
Претставникот на штипските угостители Емил Попадинов вели дека по 15 часот над 35 угостители веќе можат да ги местат своите штандови на кои ќе ја продаваат штипската пастрамајлија. Тој истакна дека угостителите мора да се придржуваат на утврдените стандарди и оваа година контролата за кавлитет ќе биде поголема. Угостителите на гостите мора да им понудат пастрамајлија направена најмалку од 250 грама тесто и 150 грама месо, а цената изнесува 120 денари. Утре во 19 часот и официјално почнува „Пастрамајлијада“, кога ќе биде претставена џиновската пастрамајлија.
Ново на Сител
-
Приведени три млади лица и еден малолетник - одземени марихуана и боксирач
-
Пронајден гостиварец баран по потерница
-
На депонија во село во Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна
-
До вторник услови за слаб дожд и снег на планините
-
Германскиот претседател ги повика граѓаните да гласаат
-
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
-
Утре пред Собранието законските измени за сметководителите
-
Истрага против дилер на марихуана во Тетово