Посебен режим на сообраќај во Скопје на 31.07.2022 (недела)
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 31.07.2022 година (недела), поради реализација на предвидените манифестации во Скопје по повод одбележувањето на националниот празник Илинден, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на градот Скопје.
Притоа, посебениот режим на сообраќај ќе се воспостави со почеток 07.30 часот при што за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, и тоа на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со ул.„Васил Главинов“, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Еврејски доселеници запалија џамија на Западниот Брег
-
Турција подготвува план за враќање на сириските бегалци
-
Врачена протестна нота на рускиот амбасадор Баздникин од страна на МНР
-
137 килограми марихуана запленета во камион на македонски државјани
-
Борисов: Балканскиот поток е гасовод на пријателството
-
Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието
-
40-годишник од Дебар со пиштол им се заканувал на малолетници
-
Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство