-->
-->
Посебен режим на сообраќај во Скопје на 10 и 11 септември 2023
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје, поточно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 10.09. и 11.09.2023 година (недела и понеделник) по повод одржување на лидерскиот состанок во Процесот Брдо - Бриони ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соопшти МВР.
Имено, во текот на овие два дена во официјална посета на Република Северна Македонија ќе бидат поголем број странски делегации и од тие причини сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе се одвива под услови на посебен режим на сообраќај.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот