Посебен режим на сообраќај по повод Илинден на подрачјето на СВР Битола
Од Секторот за внатрешни работи Битола информираат дека на 01 и 02.08.2022 година (понеделник и вторник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден 2022 година во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот на 01.08.2022 година па се до 22.00 часот на ден 02.08.2022 година на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место викано „Слива“, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен.
Секторот за внатрешни работи Битола апелира да локалните жители да се воздржат од движење со работни и земјоделски машини по наведените патни правци во наведениот временски период.
Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот