Португалија со закон забрани шефовите да ги „вознемируваат“ работниците после работа
Португалија им забрани на шефовите да испраќаат текстуални и електронски пораки до работниците надвор од работното време, како дел од новиот правен пакет популарно наречен „право на одмор“, јави Би-Би-Си.
Одлуката е дел од законските измени донесени за балансирање на приватниот и професионалниот живот, особено во однос на фактот дека многу работници работат од дома.
Компаниите со повеќе од 10 вработени може да се соочат со казна доколку контактираат со вработените надвор од времето наведено во нивните договори за работа.
Донесени се и нови правила за далечинско работење на работниците со деца. Родителите можат да работат од дома без временско ограничување, без да бараат дозвола од нивните работодавци, додека нивните деца не наполнат осум години.
Компаниите, исто така, би можеле да бидат принудени да платат дел од трошоците за работа од дома, на пример за трошоци за струја или интернет.
Со оглед на тоа што работниците може да доживеат чувство на изолација, од компаниите се очекува да организираат редовни физички состаноци.
Сепак, некои елементи од правниот пакет не беа прифатени во португалскиот Парламент, вклучително и „правото на исклучување“ што би им овозможило на работниците да ги исклучуваат сите уреди по работното време.
Португалската министерка за труд и социјална заштита, Ана Мендес Годињо, на конференција во Лисабон минатата недела рече дека работата на далечина менува многу работи и оти нејзиниот раст мора да се регулира.
Таа се надева дека подобрата заштита на работниците исто така ќе привлече многу странци да дојдат да работат во Португалија, велејќи дека ја смета нејзината земја „едно од најдобрите места во светот за дигитални номади и работници од далечина“.
– Сакаме да ги привлечеме во Португалија, истакна Годињо.
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
