Loading Video...
Фудбал
18. February 2021 - 14:58

Порто подобар од Јувентус, а Борусија на гости ја победи Севилја

 
 
Фудбалерите на Порто ја искористија предноста на домашниот терен го совладаа Јувентус со 2:1 во првиот меч од осминафиналето. 
 
Домаќините поведоа уште во 1.минута со голот на Тареми, а на стартот на вториот дел Марега зголеми на 2:0. 
 
Голот за надеж во реванш дуелот ја за Јувентус го постигна Киеза на девет минути пред крајот.
 
Во вториот натпревар. Иако Севилја со голот на Сусо уште во 7 минута поведе во дуелот против Борусија Дортмунд, сепак гостите од Германија во продолжението постигнаа три гола, па преку Дахуд (19) и на два пати Халанд (27 и 43) до крајот на првиот дел имаа водство од 3:1.
 
Поразат на шпанската екипа го ублажи Лук Де Јонг со голот во 84 минута. 
 
Реванш натпреварите овие екипи ќе ги играат на 9 март.