Порошенко ја спореди Русија со Хитлер во говорот по повод 26-годишнината од независноста на Украина
Украинскиот претседател Петро Порошенко, во говорот по повод 26-годишнината од независноста на Украина, ја нарече Русија „окупатор“ и ја спореди со нацистичкиот дикататор Адолф Хитлер, јави ДПА.
Зборувајќи за битката што започна пред три години во источната украинска Доњецка област, што граничеше со Русија, Порошенко истакна дека руската војска директно ги нападнала украинските сили.
- Со голема болка ние се сеќаваме на хероите од Иловјаск. Тие беа крваво нападнати од силите на руската армија, кои навлегоа во нашата земја без да објават војна, како што Хитлер направил на времето, нагласи украинскиот претседател.
Русија ја анексираше јужната украинска област Крим, каде има руска военоморска база, во почеткот на 2014 година, за да се одмазди за симнувањето од власт на прорускиот украински претседател Виктор Јанукович.
Украинскиот претседател потенцираше дека Русија ја носи вината за смртта на повеќе од 10.000 лица кои загинаа за време на конфликтот.
- Никогаш не заборавајте, никогаш не простувајте, се обрати Порошенко кон украинскиот народ.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл
-
Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите
-
Далај Лама го прославува 90. роденден
-
Зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу половина час
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила