Поројни врнежи во ноќните часови, се очекува зголемување на водостојот на реките
Во попладневните и во ноќните часови ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни така што локално се очекуваат над 30 литри на метар квадратен дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во повеќе делови од земјата, како резултат на врнежите во изминатиот период и топењето на снегот, земјата е заситена со влага и се очекува брза реакција на помалите реки и суводилици низ земјава каде на места се можни локални излевања, со посебно внимание на југоисточните делови и Струмичкиот регион.
Од УХМР посочуваат дека и кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот, а пред се на водотеците во западниот дел на земјата каде во сливот на релите Радика, Сатеска, Треска и горниот дел од сливот на Вардар се очекуваат значително високи водостои.
Поради можноста од појава на поројни, интензивни врнежи, придружувани со засилен јужен ветер, можни се локални проблеми кај дел од градските урбани населени места каде би се појавиле ваков тип на врнежи.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот и утрешниот ден.
Ново на Сител
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница