-->
-->
Пороен дожд ја поплави Варшава
-->
Улиците и метро станиците во главниот град на Полска, Варшава денеска се поплавени по поројните дождови, кои траеја повеќе часа во текот на минатата ноќ, што предизвика големи проблеми за граѓаните, кои утрово се упатија кон своите работни места.
Во Варшава се затворени три метро станици, а телевизиските снимки прикажуваат како пожарникарите испумпуваат вода од сите станици, со цел да ги оспособат за повторно отворање.
Некои улици во полската престолнина се покриени со повеќе сантиметри вода, така што автомобилите мораат да возат мошне споро, а некои возачи дури возат и по тротоарите за да ја избегнат водата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР
-
Засега ќе нема нови мерки за цените – хигиенските производи во дел од маркетите поскапеа за над 50%
-
Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз