Loading Video...
Фудбал
11. јуни 2022 - 17:44

Поразот од Грузија е заборавен, одиме на победа над Гибралтар

Најдобрата фудбалската репрезентација на Македонија утре во Скопје, ќе го одигра четвртиот натпревар во Лигата на нациите. Противник е селекцијата на Гибралтар
 
По поразотод Грузијците пред три дена нашите фудбалери сега ќе мораат да одат на победа во дуелот со Гибралтар доколку сакаат да ги сочуваат шансите за освојување на првото место во групата. 
 
Пред шест дена на гостувањето кај овој противник забележавме победа со 2-0, па јасно е дека и на утрешниот меч Македонија ќе ја има фаворитската улога. 
 
Но. Селекторот Милевски се судрува со бројни пред се здравствени проблеми, па засега извесно е дека Александар Трајковски сигурно нема да игра, а Ељиф Елмас е под знак прашалник. 
 
Натпреварот на арената „Тодор Проески“ во Скопје. меѓу Македонија и Гибралтар ќе започне во 18 часот, термин во кој својот натпревар од ова 4.коло на Ц4 конкуренцијата ќе го играат и Грузија и Бугарија.