-->
-->
Пораз на кошаркарите од Унгарија
-->
Кошаркарската репрезнтација на Македонија синоќа во Кавадарци го претрпе вториот пораз во квалификациите, а прв на домашен терен. Македонија загуби од Унгарија со 76:66 (15:17; 17:18; 16:13 и 28:18). Со ова е прекината серијата од речичи 14 години без загубен натпревар на домашен терен. Со овој пораз нашите кошаркари шансите за пласман на Еуробаскетот ги сведоа само на теоретски. Поради повреда во составот на Македонија не беше Дамјан Стојановски.
Во текот на целиот натпревар Унгарија имаше водство, иако на крајот на првиот период и на крајот од првото полувреме Македонија имаше водство.
Но, во вториот дел селекторот на гостите Стојан Ивковиќ имаше повеќе расположени играчи, па одбраната на Македонија немаше решение за Давид Војвода (27 поени), Адам Ханга (15) и Кристијан Витаман (11). Ова трио постигна вкупно 53 од поени на Унгарија.
Македонија имаше 16 изгубени топки и само четири украдени, додека противникот имаше 8 изгубени и 15 украдени.
Кај Македонија најефикасен беше Војдан Стојановски со 16 поени.
На вториот дуел од групата Г Велика Британија го победи Луксембург со 95:72. На чело на табелата е Унгарија со максимални 6 бодви, пред Велика Британија со 5, Македонија има 4, а Луксембург 3.
Македонија следниот дуел го игра на гости против Лускембург на 10.септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг