Пораст на радиоактивност во Европа поради инцидент во Русија
Француската агенција за нуклеарна безбедност верува дека помал инцидент во една руска постројка изминатиот период предизвика пораст на радиоактивноста во воздухот над Европа.
Се претпоставува дека „можна зона на емитување“ радиоактивност била помеѓу реката Волга и планината Урал.
Институтот за радиолошка заштита и нуклеарна безбедност соопшти дека присуството на изотоп на рутениум 106 не претставува здравствена или еколошка опасност. Но, Агенција за нуклеарна безбедност предложи да се провери храната увезена од тој регион.
Во вчерашното соопштение на Француската агенција за нуклеарна безбедност, засновано на набљудување во повеќе земји, истакнува дека изотопот на рутениум потекнува од инцидент со нуклеарно гориво или од производство на радиоактивен материјал.
Најголемата радиоактивност е измерена кон крајот на септември и почетокот на октомври, но повеќе не може да се регистрира во атмосферата.
Ново на Сител
-
„Македонско село“ ќе се отвори во јуни, концесионерот ќе плаќа месечна кирија од 3 и пол илјади евра
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури