-->
-->
Поранешниот претседател на Бразил е подготвен за в затвор
-->

Поранешниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва ќе објави книга во која пишува дека е „подготвен“ да замине в затвор и да ја отслужи казната од 12 години и еден месец поради корупција.
Неговата книга „Вистината ќе триумфира: Народот знае зошто ми судат“ ќе се најде во продажба вечерва во Сао Паоло.
Пресудата за корупција на поранешниот претседател на Бразил е потврдена во јануари, а уште еден суд го одби неговото барање да се брани од слобода во текот на жалбениот процес пред Високиот федерален трибунал во Бразил.
Тоа значи дека Да Силва наскоро би можел да почне со издржување на затворската казна, иако важи за фаворит на претседателските избори кои се закажани за оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
-

Последици од поплавите во о.Чешиново-Облешево
-

Дали снегот и годинава ќе ги изненади институциите?
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
