Поранешниот премиер застана зад Заев

Поранешниот премиер Владо Бучковски во врска со серијата реакции на интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, вели дека не е во ред некој да биде „обвинет“ за распродажба на историјата кога во исто време, како што истакнува, искрено се бори за нашата европска иднина, вели Бучковски во изјава за НОВА.
– Македонија ја доживува својата катарза. Мене ми е ова Deja Vu. Jас се обидов во 2006-тата по средбата со бугарскиот премиер Станишев да проговорам за нашата заедничка иднина во ЕУ, врз основа на нашата заедничка историја и изразивме подготвеност за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј и Илинденското востание, истакнува Бучковски во изјавата.
Тој нагласува дека пред 14 години бил дочекан на нож од дел од медиумите, а сега 14 години подоцна друг премиер е „обвинет“ за распродажба на нашата историја.
-Зошто? Затоа што, според мене, искрено се бори, од петни жили, за нашата европска иднина, истакнува Бучковски во изјавата.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
