Свет
8. July 2022 - 9:15

Поранешниот премиер на Јапонија застрелан додека држел говор | ВИДЕО

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе е застрелан додека држел говор за време на предизборна кампања во градот Нара.

Полициски екипи на местото на убиството, влезот на железничката станица во Нара

Врз Абе се истрелани два куршума, а вториот куршум го погодил во грб. Тој бил префрлен во болница, но не покажувал знаци на живот.

Напаѓачот е идентификуван и уапсен.

Абе е застрелан додека држел говор во рамки на предизборната кампања во Нара.

Абе беше премиер една година во 2006 година, а потоа од декември 2012 до септември 2020 година, кога се повлече од функцијата поради здравствени проблеми.