Поранешниот полицаец Томас Лејн призна вина во случајот за убиството на Џорџ Флојд

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Томас Лејн денеска се изјасни за виновен за помагање и поттикнување на убиство од небрежност во убиството на Џорџ Флојд во 2020 година, објави Минеаполис Стар трибјун.
Судењето на поранешните полицајци Ту Тао и Џ. Александер Куенг треба да почне во јуни под обвинение за помагање и поттикнување убиство од втор степен и убиство од небрежност.
Тројцата беа осудени во февруари по федерални обвиненија дека на Џорџ Флојд му ги ускратиле неговите граѓански права затоа што не му помогнале повеќе од девет минути додека нивниот колега Дерек Шовин го притискал со колено на вратот.
Убиството на Флојд предизвика протести против полициска бруталност и расизам низ целиот свет. Шовин минатата година беше осуден на 22 и пол години затвор.
Шовин се изјасни за виновен пред федералниот суд за обвиненија за кршење на граѓанските права на Флојд.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Владината коалиција покажа дека е стабилна
-

Локални избори 2025
-

Мицкоски во посета на Брвеница и Кичево
-

Ацевски се повлече од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ
-

Локални избори 2025
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
