Поранешниот кипарски претседател барал од Путин седум милијарди евра заем

Поранешниот претседател на Кипар Димитрис Христофиас призна во интервју за грчката телевизија „Скај“, дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин заем во висина од пет до седум милијарди евра, и дека тоа се случило пред Кипар да пристапи кон земање на надворешни кредити со цел островот да ја надмине кризата.
- Настојчиво и во повеќе наврати сум побарал од рускиот претседател Путин да обезбеди заем од седум милијарди евра за Кипар, односно меѓу пет и седум милијарди евра за да ја надминеме кризата. Во телефонски разговор со него сум му кажав дека ние, кои се бориме за правата на работниците, сега сме осудени да го направиме обратното и да се задолжиме, а тоа никогаш не сум го сакал, објасни Христофиас.
- Дајте ни го тој заем и јас ви гарантирам дека во следните 50 години Кипарците ќе и бидат благодарни на Русија, кој и да биде претседател на Кипар, велел поранешниот кипарски претседател.
- Путин не го направи тоа и мислам дека згреши бидејќи не сакаше да се конфронтира со ЕУ, но на крајот влезе во конфликт со Унијата и на Русија и беа наметнати казнени мерки, додаде тој.
Запрашан дали грчкиот премиер Алексис Ципрас знаел за тој побаран заем од Русија, Христофиас одговори дека тој го известил Ципрас и дека тоа се случило при неговата посета на Кипар.
- Јас се справив со овие тешкотии и мислам дека ти треба да одлучиш што ќе правиш, бил одговорот на Ципрас.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на настан за програмата Еразмус+ на Економскиот факултет
-

EK отпушти свој висок функционер поради „примање подароци“ од Катар во замена за доверливи податоци
-

Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт
-

Трамп се закани со царини од 50 проценти на канадските авиони
-

Гутереш вели дека „очигледно е време“ жена да застане на чело на ОН
-

Камионџиите од Србија и БиХ продолжуваат со блокадите, во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК
-

Променливо облачно со локален дожд, а на планините снег
-

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата
