Поранешниот државен обвинител на Венецуела, Луиза Ортега, пребега во Колумбија

Поранешниот главен државен обвинител на Венецуела, Луиза Ортега Дијаз, пребега во соседна Колумбија.
Веста за нејзиното бегство ја потврдија колумбиските власти во Богота.
Во кусата изјава од колумбискиот главен град, Ортега рече дека се одлучила на бегство, затоа што стравува за својот живот, уште од моментите кога беше сменета од функцијата од „Уставотворното собрание„ .
Таа порано беше силен подржувач на актуелниот венецуелски претседател, Николас Мадуро, и негов политички сојузник, но во текот на масовните протести на опозицијата се претвори во негов остар критичар и противник.
Како државен обвнител, таа обвини припадници на венецуелските специјални сили за смрта на еден млад демонстрант во Каракас, иако властите и полицијата тврдеа дека момчето било убиено од припадници на опозицијата.
Подоцна Ортега ги осуди специјалните сили и припадниците на Нациналната гарда, за прекумерна употреба на сила во нивните настојувања да ги спречат антивладините протести низ градовите во Венецуела.
Во изјава пред своето бегство, сменетата обвинителка се спротивстави и на создавањето паралелен парламент, составен само од приврзеници на Мадуро, тврдејќи дека „Уставотоворното собрание“ е нелегитимна творба, спротивна на демократијата.
Ортега сега се спротивставува и на настојувањето на Мадуро по секоја цена во Венецуела да спроведе „социјалистичка револуција“.
Меѓународната јавност веќе реагираше со осуда на создавањето „собрание“ против легалниот Парламент, предупредувајќи дека тоа „води кон диктатура“.
Континенталната Организација на американските држави (ОАД) соопшти дека „Уставотвнрото собрание на Мадуро“ е нелегитмно, додека регионалниот економски блок „Меркосур“ во кој членуваат и Бразил и Аргентина, ја суспендираа Венецуела од членството во блокот.
„Меркосур“ од претседателот Мадуро побара да ги ослободи сите политички затвореници и да почне процес на политича транзиција во земјата.
Ново на Сител
-

Миса во Католичката црква во Скопје за Божиќ
-

Тема нa денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
-

Се одложува пресметката на просечна потрошувачка кошничка зашто синдикатите и работодавачите не дале мислење
-

Бугарија понуди помош за снабдување со мазут, Владата ја одби
-

Собранието ги избра новите министри - Сали за евроитеграции, Хоџа за животна средина
-

Вратени иселенеци на форум во Влада - И Македонија може да биде „ветената земја“
-

Паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а ќе го управува „Градски паркинг“ - Ќе се реши ли хаосот?
