Поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов - Сокол осуден на осум месеци затвор

Поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на осум месеци затвор за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот „Затвор Скопје“.
Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за предметот кој се однесува на злоупотреби во затворот. Сите обвинети се огласени за виновни за кривичните дела што им се ставаат на товар.
Обвинетиот П.А. за злоупотреба на службената положба и овластување, доби условна казна од шест месеци затвор, која нема да се изврши доколку во наредните две години не стори ново кривично дело.
Обвинетите Ѓ.Р. и С.П., кои беа обвинети за несовесно работење во службата, добија условни казни од по три месеци затвор, со рок на проверка од една година.
Обвинетиот Т.Н., обвинет и за злоупотреба на службена положба и овластување и за несовесно работење во службата, доби единствена условна казна од осум месеци затвор, која нема да се реализира ако во следните три години не стори ново кривично дело.
Обвинетиот Е.О., исто така товарен за несовесно работење во службата, доби условна казна од шест месеци со рок од две години, додека обвинетиот К.В., обвинет за истото дело, е осуден на три месеци условно, со важност од една година.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
