Поранешни светски лидери бараат членките на Г-7 да издвојат 50 милиони долари за сиромашните земји
Повеќе од 100 поранешни премиери, претседатели и министри за надворешни работи ги повикаа лидерите на Г-7 да платат две третини од 66 милијарди долари потребни за вакцинирање против Ковид-19 во најсиромашните земји.
Во писмото, во кое Гардијан имаше увид, се наведува дека лидерите на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада мора да ја направат оваа година „пресвртница во глобалната соработка”.
Меѓу потписниците на писмото се поранешните британски премиери Гордон Браун и Тони Блер, поранешниот генерален секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун и 15 поранешни африкански лидери.
Потписниците на писмото наведуваат дека анкетите покажуваат дека јавноста го поддржува нивното барање. Истражување, нарачано од добротворната организација Спасете ги децата, покажа дека 79 проценти од луѓето во Велика Британија сметаат дека Г-7 треба да плати за вакцинација против коронавирусот за најсиромашните за да го зачува светот безбеден. Писмото е испратено пред Самитот на Г-7 што ќе почне в петок.
Ново на Сител
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор