Поранешни функционери предупредуваат на опасноста од дезинтеграција на ЕУ
На опасност од дезинтеграција на Европската унија предупредија денеска во Виена поранешниот претседател на Полска, Александар Квашњевски, поранешниот претседател на Европската комисија, Романо Проди и поранешниот европски комесар, Франц Фишлер.
- Последиците од дезинтеграцијата се стравични. Тоа во развојот би не вратило најмалку 40 години наназад, нагласи Фишлер.
Тој рече дека очигледно е дека новиот претседател на САД Доналд Трамп ќе ја оствари својата најава за „помалку меѓународност“ во политиката и трговијата, укажувајќи на Брегзит.
Тој вели дека во интерес на Европа е единство и заедништво.
Проди и Квашњевски се изјаснија за Европа како сојузна држава, одбивајќи ги интенции на популистите и десничарите да направат „Европа на нациопнални држави“.
- Ако во светот сакаме глас тогаш мора да станеме сојузна држава, истакна Проди и додаде дека во спротивно, Европа би била небитна во светот и се повеќе периферна.
Ново на Сител
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратениците во контрола на АНБ
-
СДСМ: Дали премиерот ќе го разреши Фетаи?
-
Oхридското езеро доведено до критична точка