Поранешната премиерка на Нов Зеланд се кандидира за генерален секретар на ОН
Поранешниот премиер на Нов Зеланд, Хелен Кларк и официјално поднесе кандидира за нов генерален секретар на ОН.
Промоцијата на нејзината кандидатура ја изврши актуелниот новозеландски премиер Џон Ки, на прес-конференција во главниот град, Велингтон.
Според Ки, девете години на Кларк како премиер на земјата и сегашните седум години на функцијата раководител на Програмата на ОН за развој (УНДП), ја прават „квалификувана и способена за функцијата за која се кандидира“.
Мандатот на сегашниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун истркува во декември оваа година.
Покрај Кларк, досега се кандидирани уште три други жени, како и четворица мажи.
Во досегашната историја на ОН, имало девет генералени секретари, но сите тие биле мажи.
Во интервју за Би-Би-Си, Кларк изјави дека доколку биде избрана ќе настојува да се изврши реформа на Советот за безбедност на ОН, со внесувањето на Гермнија, Јапонија, Индија и Бразил како постојани членки.
Таа смета дека за да се прикаже новата геополитичка реалност во светот, во Советот за безбедност би требало да има и две африкански земји како постојани членки.
- Сегашниот Совет за безбедност ја одразува геополитиката од 1945 година. Јас сакам Советот да ја одразува ситуацијата на 21 век, изјави Кларк за Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп