Поранешен војник во Гватемала осуден на 5.160 години затвор
Судот во Гватемала осуди поранешен војник на 5.160 години затвор поради масакр на 171 луѓе, што се смета за еден од најголемите злосторства во 36-годишната граѓанска војна.
Според обвинителите Сантос Лопез учествувал во масовни убиства во 1982 година, кога се убиени сите мажи, жени и деца во селото Дос Ерес.
Лопез е обвинет дека бил дел од елитната Специјална единици Каибилес, испратена во Дос Ерес да пронајде припадници на герилска група. Откако не биле пронајдени герилци, припадниците на Каибилес силувале голем број девојки, а за да ги прикријат сексуланите злосторства ги убиле речиси сите жители на селото.
Масакрот е извршен за време на режимот на поранешниот воен диктатор Ефраин Риос Монт кој почина во април. Тој беше обвинет за геноцид во акција во текот на една од најкрвавите фази на граѓанската војна која траеше од 1960 до 1996 година.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти